• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ

Скопје, 9 јуни 2025 

Денес СДС расфрлаат пердуви, лаги и манипулации, се со цел да го покријат срамот на правосудството кое го ослободи Рамиз Мерко.

СДС се пуштени на најјако со разни фабрикации, само да не се зборува за ослободувањето од вина на Рамиз Мерко, нивниот коалициски партнер.

Ослободувањето на Мерко е најголем доказ дека со судството и обвинителството раководат СДС и ДУИ.

Правниот систем е разрушен од судиите и обвинителите кои ги постави СДС и ДУИ, а кои имаат единствена цел да го спасат од одговорност секој нивен функционер кој со години ја ограбувал државата.

 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива 

 

Остани поврзан