ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите за градоначалници
- ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска објавија дел од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори:

Скопје, 16 август 2021 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска објавија дел од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори:
Кисела Вода - Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата
Сопиште - Стевче Трповски, актуелен градоначалник
Центар - Наташа Котлар, доктор по компаративна историја
Кочани - Љупчо Папазов, бизнисмен
Петровец - Борче Митевски, актуелен градоначалник
Илинден - Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки од МТСП, советник во општината
Штип - Иван Јорданов, актуелен пратеник
Велес - Марко Колев, од невладиниот и од бизнис секторот
Радовиш - Александар Ристов, експерт од областа на енергетиката и стопанственик
Конче - Златко Ристов, детектив и поранешен бранител
Босилово - Ристо Манчев, магистер по економски науки и консултант
Валандово - Тони Узунов, стопанственик
Богданци - Маријан Пеев, вработен во општината
Дојран - Филип Дончовски, инженер по шумарство и раководител на прочистителна станица во Нов Дојран
Гевгелија - Андон Сарамандов, стручњак по земјоделски науки
Неготино - Горан Стојанов, доктор интернист и раководител на Итната медицинска помош
Демир Капија - Андон Донев, наставник
Росоман - Тихомир Николов, ИТ-инженер
Прилеп - Борче Јовчевски, сметководител во Агенцијата за храна и ветеринарство
Кривогаштани - Александар Богдановски, раководител
Могила - Слободанчо Саботковски, земјоделец и агент за продажба на осигурителни полиси
Новаци - Стевче Стевановски, агроном
Вевчани - Спасе Кочовски, социолог
Брвеница - Јовица Илиевски, здравствен работник во Клиничкиот центар Тетово и физиотерапевт
Јегуновце - Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг
Гази Баба - Бобан Стефковски, магистер по безбедносни науки од Министерството за труд и социјална политика, советник во општината.


Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, овие кандидатите ќе донесат победа на овие локални избори. -Убеден сум дека ова е вистинската понуда за нов почеток, за нова сила која што ќе донесе промени и решавање на проблемите на сите граѓани, за тоа што Македонија мора да биде земја за сите луѓе, рече Николоски. мд/лв/