• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да престане да работи за СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да престане да работи за СДС

Скопје, 9 септември 2025

Ако некој треба да се плаши тоа се организаторите на сето тоа и одговорните. А се што има во тие материјали во текот на постапката ќе биде декласифицирано и објавено во јавноста, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, што МИА ја пренесува интегрално.

Го повикуваме обвинителството да престане да работи за СДС и да одговори на СДС и да не ги штити оставајки простор да држат вакви невистинити и непромислени прес- конференции.

Исто така го повикуваме да одговори зошто после 1 година и кусур нема ниту еден предмет оформено за најкриминалната влада во историјата на државава, владата на СДС и ДУИ, по сите индиции и докази од институциите и по допрен глас, и до кога планира да ги штити и да биде дел од нивното злосторничко здружување?

Овие прес-конференции на СДС кои наликуваат на преплашени зајци зошто се фатени живи, па не знаат што да прават и напаѓаат претајки со се што можат да претаат, и ги проектираат своите стравови кон друг се феномен за психијатриска анализа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:  МИА архива

Остани поврзан