• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски не се бори против криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски не се бори против криминалот
реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Љупчо Николовски во „Само интервју“ 18 септември 2020  СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски се главните виновници поради кои во последните 4 години Република Македонија тоне во криминал и корупција, а само во изминативе месец дена СДСМ продуцираше повеќе криминал од било која европска држава. Љупчо Николовски кој е задолжен за борбата против криминалот и корупцијата во државата треба да си ја работи својата работа и прв кој треба да треба да одговара за криминал и корупција е неговиот шеф Зоран Заев. Владата на СДСМ треба да одговара за аферата „ШИК ЈЕЛАК“ каде 200 милиони евра завршуваат директно во џебовите на власта. Во ек на корона фирмите на Заев и Нина Ангеловска земаа државна помош, за тоа никој не одговара. Никој не сноси одговорност за пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и каде завршија 200 милиони евра. СДСМ треба да одговара за тендерот од 6.2 милиони евра за ископување на јаглен од РЕК Битола кој го доби нивен финансиер Силјан Мицевски. Покрај сите овие криминали кои ги прави владата на СДСМ без никаков срам ја поскапија и струјата за 7.4%. Николовски не се бори против криминалот, затоа што тој и неговиот шеф се криминалци. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан