• петок, 20 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Заев и Димитров ги изминира нашите позиции во преговорите со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Заев и Димитров ги изминира нашите позиции во преговорите со Бугарија
Скопје, 16 ноември 2020 Зоран Заев и Никола Димитров ја лажат Македонија дека сите прашања со соседите се затворени. Неспособностана Заев и Димитров ги изминира нашите позиции во преговорите со Бугарија и ја понижува државата. Аматеризмот повторно води кон извисување пред вратите на ЕУ. Оваа влада која се насочи целосно на надворешна политика, која сега гледаме и е целосен промашај на внатрешно поле не направи ништо. Димитров како политичар ниже само порази. Патлиџан дипломатијата завршува со вето, за кое и тој и Заев се погласно зборуваат. Вето затоа што се неспособни и ништо не направија за државата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан