• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза од страна на градоначалникот Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза од страна на градоначалникот Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас

Скопје, 30 јуни 2025

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ-Латас и бараме итна разрешница.

Ова е доказ за тоталната безидејност на СДС. Кога немаат идеи - имаат омраза, кога немаат програма - имаат насилство, кога немаат политика и предлози - имаат некрофилија.

Градоначалникот на Струмица и близок соработник на Заев, оди по неговите стапки. Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на новинари дека ќе се осветува на свој начин.

Матрицата на СДС е таа и нема менување. Позади ваквата нарачка за линч на новинар седат директно Венко Филипче и Зоран Заев.

Ова се правите лица на соработниците на Заев и Филипче. Повикуваат на убиства на новинари, ова го нема никаде!

Партијата чиј член и градоначалник е Костадинов, молчи и не се оградува од коментарите на Костадинов.

Го повикуваме МВР да реагира и да го повика на распит градоначалникот на СДС по бруталните закани.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан