• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Мора да одговара секој кој ќе биде фатен во корупција или криминал

ВМРО-ДПМНЕ:  Мора да одговара секој кој ќе биде фатен во корупција или криминал

8 ноември 2025 

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да го истражат случајот, нема да толерираме неправилности и одговорност мора да има


ВМРО-ДПМНЕ нема да ги толерира неправилностите и девијантните однесувања на поединци за кои има сомнение дека го прекршиле Законот. Законот за сите е ист, се вели во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. 

Секој којшто ќе биде фатен во корупција или криминал, а притоа ќе има докази за истиот, мора да одговара. Не смееме да дозволиме општеството да ни биде мрачно како порано кога луѓе како Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев, Рашковски и слични на ним, за кои има основани сомнение или пресуди за сторен криминал, шетаат слободно по улиците.

Апелираме до надлежните институции да постапат по случајот и да го истражат до крај.

Со почит,

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

фото: МИА архива 

Тагови

Остани поврзан