• понеделник, 23 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Македонското стопанство и граѓаните плаќаат најскапа струја во регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Македонското стопанство и граѓаните плаќаат најскапа струја во регионот
Скопје, 3 септември 2022 Катастрофалната состојба во енергетскиот сектор СДСМ се обидува да ја покрие со оправдувања и барање вина во други. Енергетската криза во Македонија е метастазирана поради криминалот и корупцијата на власат предводена од антимакедонската СДС. Како и во економскита криза, како и за здравствената криза, така и во оваа енергетска криза поради неспособноста и криминогеноста на власта, Македонија најлошо се справува. Според ЕУРСТАТ македонското стопанство плаќа најскапа струја во споредба со земјите од регионот. Исто така граѓаните во споредба со платата која ја земаат, плаќаат една од најскапите цени за струја во споредба со земјите во регионот. Домашното производство на електрична енергија е на рекордно најниско ниво, а стопанството губи над 1 милион евра дневно плаќајќи скапа струја заради Владата на антимакедонската СДС која прави криминали со увезот на скапа струја. Ако на ова се додаде милионската кражба на струја која ја толерира власта, а ја плаќаат граѓаните во своите сметки, тогаш излегува дека народот и стопанството двапати го плаќаат неодговорното и криминално работење на оваа власт. Лагата која СДС сака сто пати да ја повтори за да ја претвори во вистина не поминува. Бројките се немилосрдни. Ковачевски сега купува струја 30% поскапа од HUPX, додека претседателот Мицкоски како директор набавуваше 40% поевтина струја за народот. СДС се најдобра потврда на народната, кој лаже тој и краде. За оваа кражба која ја прави владата на антимакедонската СДС ќе има одговорност. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан