• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот
Скопје, 26 мај 2020 Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против коронавирусот. Власта не треба да ја бара вината кај народот, властите се неспособни да се справат со короната. Додека другите држави во окружувањето и по 10 тина дена немаат регистрирано ниту еден нов случај, Македонија бележи и ново заразени и нови смртни случаи. Словенија, Хрватска и Црна Гора немаат нови случаи повеќе од 10 дена. Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот. Не се справи заради лошиот менаџмент на владата. Лекарите, медицинските сестри и болничарите сами си купуваа заштитна опрема. Државата буквално беше оставена на милост и немилост. Неспособноста на СДСМ за која сега виновни се граѓаните кои ги затворија како во притвор два месеци дома ќе ги чини токму граѓаните 1.3 милијарди евра до крајот на годината, за кои државата ќе треба да се задолжи. За целиот неуспех и некадарност сега го обвинуваат народот. Не можат сами да се сносат ниту со сопствените грешки. СДСМ ја урива државата. Со ноншаланиот и неодговорен однос на СДСМ не можеме понатаму. Потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан