• понеделник, 25 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски со бегањето од референдум го игнорира народот, а за енергетската криза не презема ништо

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски со бегањето од референдум го игнорира народот, а за енергетската криза не презема ништо
Скопје, 3 август 2022 Фрапантно е што Ковачевски упорно го лаже народот дека со преговарачката рамка е заштитен јазикот и идентитетот, а со неа всушност се дава можност на Бугарија доколку во Комисијата за историски прашања не се договорат во однос на одредено прашање да не блокира, односно да стави вето на нашиот пат кон ЕУ, додека не се исполни бугарскиот ултиматум. Што значи тоа? Тоа значи дека ставовите во однос на историјата мора да ги воедначиме со бугарскиот поглед, а тој гледаме дека ги негира јазикот и нацијата, па така имаме блокада за која ништо не пишува во рамката, но која би се случила доколку се промени Уставот и се почне со преговарање по бугарски услови. За на крај сето тоа да резултира со целосна бугаризација. Ковачевски го знае сето ова, но свесно турка бугаризација, само за ден повеќе да се задржи на власт. Токму затоа е потребен референдум, кој ќе го спречи ова предавство во режија на Ковачевски и Пендаровски. Во однос на енергетската криза Ковачевски не направи ништо. Земјите од регионот набавија веќе залихи на гас, мазут и јаглен, а дополнително имаат и процентуално поголемо производство на струја, за разлика од другите Македонија со Ковачевски ја чека есента за во паника да набавува енергенси и да се расфрлаат со провизии поради високите цени кои ќе бидат присутни. Ковачевски нема никаков план за иднината на Македонија. Негов единствен план е како да се задржи ден повеќе на власт. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во ин тегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан