• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Интересот на државата и земјоделците главен приоритет, со македонска пченица ќе се полнат државните стокови резерви

ВМРО-ДПМНЕ: Интересот на државата и земјоделците главен приоритет, со македонска пченица ќе се полнат државните стокови резерви

Скопје, 11 август 2025 

Стоковите резерви на пченица се полнат со македонска пченица, откупена директно од македонските земјоделци. Државните резерви, со своите вредни и неуморни раце, ги полнат македонските земјоделци. Со одлука на Владата, 9.000 тони македонска пченица ќе се откупат за потребите на стоковите државни резерви, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Тоа ја покажува и потврдува вистинската грижа и посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за интересот на државата и земјоделците.

Наместо да се купува увозна, која како држава скапо ја преплаќавме, како што беше случај во време на власт на СДС и министер Љупчо Николовски, сега државните стокови резерви ги полни пченицата од македонските земјоделци.

За време на владеење на СДС, стоковите резерви се полнеа со пченица купена од странство за 25% поскапа од берзанска, односно 27 денари по килограм, што беше за шест денари поскапо.

А профитот, односно ќарот 100% од ваквите зделки, завршуваше кај посредниците, а сега целата добивка завршува директно кај македонскиот земјоделец.

Тоа време заврши. Сега никој не заработува на грбот на другите, посебно на трудот на земјоделецот и на штета на државата.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан