ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на УНЕСКО се однесува на периодот 2017-2024 кога СДС беше власт
- СООПШТЕНИЕ: Апел до Бисера да не се самоповредува, Извештајот на УНЕСКО се однесува на периодот од 2017-2024 година кога СДС беше власт, а Бисера министерка
Скопје, 9 јули 2025
Со внимание ја проследивме прес-конференцијата на Бисера Костадиновска Стојчевска и можеме да испратиме апел да не се самоповредува до ова високо ниво.
Затоа што, и таа, и цела Македонија, знае дека забелешките на УНЕСКО се во Извештајот кој се однесува на периодот од 2017 година до 2024 година.
Практично, ова е целиот период на владеење на СДС, во кој период министер за култура беше и токму Бисера Костадиновска Стојчевска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.