ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче ги штити луѓето кои прислушувале и обвинителите кои тоа го дозволиле
- Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставови на лидерот на СДСМ, Венко Филипче
2 септември 2025
Венко Филипче ги заштити луѓето кои грубо ги злоупотребиле службите. Венко Филипче се обидува да го оправда неоправдливото, дека се следеле новинари, медиуми и лидери на партија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Тоа се истите луѓе кои и сега се во опкружувањето на СДС и на Венко Филипче.
Како тоа вистината на Македонија се претвори во масовен скандал за прислушкување на медиуми и политички противници?
Дали затоа Љупчо Коцевски како прв човек во ОЈО го штитеа во Собрание, а тој за возврат молчеше за залоупотребата на ПИМ мерките?
Венко Филипче е истата криминална матрица како и Зоран Заев. Ова мора да заврши со одговорност за виновниците.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ