• четврток, 26 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС ја брани лошата организација на Олимпијадата од МОК

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС ја брани лошата организација на Олимпијадата од МОК

Скопје, 3 август 2025 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува обидот за политизација на спортот во Македонија. Навистина е симптоматично и чудно зошто СДС како политичка партија не и погледне на вистината во очи и ја брани преку дефокус лошата организација на Олимпијата од страна на МОК. Какви политички интереси има СДС во МОК, прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението што МИА го објавува интегрално.

Се што беше побарано беше и овозможено како логистика од страна на Министерството за спорт.

Се понатаму од оваа единствена вистина е срамна политизација за ефтини политички поени.

СДС е партијата која за цели 7 години не изгради спортско игралиште, ниту еден базен, ниту еден фудбалски терен. Нивниот резултат за спортот се множи со нула.

СДС е неконструктивна и тотално безидејна партија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан