• недела, 08 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Дебакл на Шукова и Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш, никој не сака да застане до нив

ВМРО-ДПМНЕ: Дебакл на Шукова и Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш, никој не сака да застане до нив

7 март 2026

Дебакл на СДС и Венко Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш. Филипче денеска потврди дека никој не сака да маршира покрај него и Каја Шукова и дека не може да ја консолидираат партијата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Денешната прес-конференција на Филипче е само доказ за бедата и очајот во кој ја доведоа СДС.

Иако две недели однапред го најавија, сепак не успеаја да го мобилизираат членството да им се приклучи и денеска Филипче испаничен во очај мораше да го откаже маршот затоа што веројатно ќе маршираа сами тој и Шукова, евентуално и Чупеска.

Во неможност да организираат свој сопствен марш, Филипче се впушти во она што СДС најдобро го прават, злоупотреба на туѓи собири, па така реши да го злоупотреби маршот на граѓанските организации и неповикан партиски да им го обои.

На Македонија и е потребна сериозна опозиција, а не ваква на чело со Филипче која злоупотребува трагедии и туѓи собири.

Вистината е дека СДС не може да собере луѓе на свој протест па мора да се прилепуваат кон други протести, што самото тоа покажува две работи: СДС е омразена и пропадната партија која почнува да делува како помал кружок, и второ, користат разни прокси организации и ги злоупотррбуваат да прикажат наводно незаводолство против Владата.

Дека СДС го изгуби кормилото покажува и фактот дека денес излегоа на прес-конференција намачкани со црвена боја сиболизирајќи крвави раце.

Српскиот советник кој видел крвави раце кај нив и ви сугерирал и вие да ставите не само што ве довел во заблуда туку и ве понижува фалејќи се наоколу дека целата партија му е под контрола и цитираме да свирне вие ќе скокнете.

Но тоа е ваш проблем, а проблем на Македонија е тоа што има ваква површна корумпирана опозиција со истите луѓе кои Македонија ја доведоа до самото дно од кое се бориме и трудиме да се искачиме.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан