ВМРО-ДПМНЕ во водство во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1 и ЗНАМ во 1
- Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 91,60% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општини. Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга.
Скопје, 2 ноември 2025 (МИА) - Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 91,60% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општини. Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга.
ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.
Коалицијата ВРЕДИ води во Тетово, Боговиње, Дебар и Долнени, додека, кандидатите на СДСМ имаат водство во Центар, Македонска Каменица и Зрновци.
Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во Студеничани, а независниот каднидат Менди Ќура во Струга.
Кандидатот на ЗНАМ води во Куманово, а на Унијата на Роми во Шуто Оризари.
Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.ар/са/
Фото: принтскрин