• петок, 15 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на логото за Денот на независноста

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на логото за Денот на независноста
Скопје, 17 јули 2021
Продолжува сквернавењето на националните и идентитетските симболи од страна на оваа власт.
Последен во низата на недоследности и погазување на идентитетските обележја е знамето на Република Македонија, преставено во логото за прославата 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Македонија.
И покрај острата реакција од страна на граѓаните, Владата на Зоран Заев сеуште е глува за целосно повлекување на логото.
Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8-ми Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави ова решение за целосно неприфатливо.
Со ваквото решение од страната на владата на Зоран Заев е прекршен и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, во членовите 3 и 4 од истиот закон, каде што јасно стои дека „Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.“
Затоа бараме веднаш да се повлече ова срамно решение за лого и да се распише нов Конкурс за идејно решение по повод прославата за Денот на независноста.
Времето на оваа ненародна власт истекува. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ______________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан