• петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Коста Петров

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Коста Петров
Скопје, 26 јануари 2021 Потпретседателот на СДСМ и директор на Фондот за иновации, јавно, без грам совест, дрско и без срам, најважно без ничија присила, призна дека свесно сторил кривично дело и притоа причинил материјална штета на институцијата што ја води во случајот Фондот за иновации. Уште побезобразно, признавајќи дека направил кривично дело, јавно на телевизија им порача на граѓаните но и на сите останати, само „извините ако сум направил кривично дело”. Замислете секој криминалец во државава што извршил кривично дело да се извини само на јавноста и на Судот и да биде ослободен од одговорност. Но, она што е суштинско и поважно, Коста Петров сепак трошел од парите на граѓаните за маркетинг услуги и тоа ги трошел преку агенциите кои го добија тендерот. Коста Петров противзаконски плаќал реклами со буџетски пари на граѓаните на медиуми и со тоа го прекршил член 353-В став 2, односно став 3 и причинил со своето несовесно работење материјална штета во институцијата која што ја води во моментов. Токму Владата на СДСМ го смени законот 102 од законот за АВМУ, со што државните институции и сите оние кои што користат буџетски средства, да не смеат по ниеден основ да се рекламираат во медиумите. Ова е законот кој што го прекршил Коста Петров како директор на Фондот за иновации, а притоа треба да одговара според членот 353-В од Кривичниот законик на Република Македонија. Ова имено само да знае значи од половина до 5 години затвор, односно од 1 до 10 години затвор во зависност од висината на штетата. Сепак како што рековме и претходно, Коста Петров преку советникот од СДСМ, Бојан Ивановиќ трошел пари кои што се на граѓаните. Значи директор од СДСМ сепак давал пари за маркетинг преку фирма на советник исто така од СДСМ. Коста Петров да одговори колку пари се потрошени за рекламирање и каде? Односно колку пари тој потрошил за рекламирање и каде? Зоран Заев да одговори дали побарал оставка од својот потпретседател и директор и кога планира да побара оставка за свесното признаено кривично дело кое што го извршил? Дали Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија сеуште ќе се прават и глуви и слепи на криминалот на СДСМ кој што сите знаеме дека е аминуван токму од Зоран Заев? Фондот за иновации стана златна кокошка за СДСМ и за нивните функционери. Од проекти, единствен и главен проект на оваа Влада е правење и создавање криминална држава преку која што крадат и пустошат се живо. За крај, сакам да и најавам на јавноста, дека ВМРО-ДПМНЕ во текот на неделата ќе поднесе соодветна кривична пријава против директор за извршен кривичен престап. И очекуваме брзо расчистување на случајот односно сносување на одговорност, бидејќи имавме јавно признание на национален сервис. Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан