• петок, 05 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат

ВМРО-ДПМНЕ:  Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат

Скопје, 17 јуни 2025 

Почитувани,
Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат.

Филипче добил луксузен џип од 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време на СДС и ЈО молчи и не отвора случај.

Односот на ЈО кон Филипче е зачудувачки. Зошто ЈО молчи? Дали ЈО не смее да постапува затоа што Филипче е претседател на партијата која ги избра скоро сите обвинители?

Истото тоа ЈО отвори постапка за Пеце Мирчевски, за ист таков случај, но Мирчевски е само обичен директор од СДС и кај нив нормално е некој да оди жртва за Венко.

ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој е заштитен и тоа уште повеќе ќе го казни на избори.

Ниту Филипче, ниту било кој во СДС не смее да го манипулира народот.

 

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=Fa6a7zwa0U4

https://we.tl/t-CruqhrMf52

 

 

Прес-конференција на Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан