• понеделник, 23 декември 2024

ВЛЕН: Ќе ги уништиме коруптивните мрежи и ќе создадеме подобра држава за идните генерации

ВЛЕН: Ќе ги уништиме коруптивните мрежи и ќе создадеме подобра држава за идните генерации

Скопје, 18 септември 2024

- Денеска стоиме пред вас со важна порака. Ова е моментот кога правдата почнува да триумфира, кога коруптивните структури почнуваат да се рушат и кога народот конечно ќе го врати своето достоинство. Со најголема одговорност и решителност, коалицијата ВЛЕН ги презема неопходните чекори за да ги исполни ветувањата дадени пред народот - не само искоренување на коцкањето од нашите домови, туку и комплетно искоренување на коруптивните зделки кои со години ја труеја нашата држава.

Ова не е само борба против коцкањето, ова е борба против корупцијата која им ја краде иднината на нашите деца! Коалицијата ВЛЕН и оваа Влада се тука да покажат дека секоја зделка која се правеше на грбот на граѓаните, секој договор кој ја осиромаши државата, ќе биде уништен! Ова е време кога неправдата паѓа на колена пред волјата на народот!

Во изминатиот период, бевме сведоци на длабока корупција и непочитување на законите од страна на поранешната влада, која не само што го овозможи коцкањето да се вовлече во секој дом преку интернет, туку и потпиша договори кои директно служеа за лични интереси и профит.

Особено загрижувачки беше случајот со договорот помеѓу Државната лотарија и фирмата „Хеј ДООЕЛ“, вреден 2,26 милиони евра, кој се однесува на закуп на деловен простор во Скопје за период од неколку
години. Првиот сопственик на оваа фирма беше Армин Машовиќ, поранешен бизнис партнер на Ерџан Сулкоски, кој беше поврзан со семејството на лидерот на ДУИ, Куштрим Смајлај. Прв управител на „Хеј ДООЕЛ“ беше Натура Груби Бела, братучетка на тогашниот вицепремиер главата на коцката Артан Груби. Понатаму, сопственоста на компанијата ја презеде Асмир Јахоски, газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на
ДУИ.

До август 2024 година, за само 13 месеци, Државната лотарија му исплатила на „Пуцко Петрол“ над 300.000 евра за закуп на овој деловен простор, што јасно покажува дека коруптивните шеми во нашата држава биле длабоки и систематски организирани.

Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи овие неправди да продолжат! Владата, во која партиципира и Коалицијата ВЛЕН, вчера ја усвои информацијата со која се преземаат конкретни мерки за раскинување на овој коруптивен договор. Ова е само првиот чекор во нашиот план за целосно намалување и отстранување на коцкањето од нашите домови и општества, како и за воспоставување на вистинско владеење на правото.

Граѓаните веќе се изјаснија јасно и недвосмислено – тие не сакаат нивните деца да растат во средина каде коцкањето станува секојдневие. Затоа, на барање на парламентарното мнозинство, изгласавме автентично толкување на Законот за игри на среќа, со кое го завршивме ерата на онлајн коцкањето.

Планот на Коалицијата ВЛЕН за справување со последиците од коцкањето е јасен и решителен:

1.      Покренување на судски постапки за злоупотребата на службените позиции и овластувањата на сите оние кои учествувале во донесувањето на незаконски одлуки поврзани со игрите на среќа.
2.      Намалување на бројот на коцкарските објекти за најмалку 50%, за да го намалиме штетното влијание на коцкањето во општеството.
3.      Предлагање на нов закон за коцкање и игри на среќа, кој ќе ги ограничи штетните активности и ќе овозможи строго регулирање на оваа индустрија.

ВЛЕН останува посветен на својата мисија – да се бори против корупцијата, да го заштити народот и да изгради здрава и праведна иднина за сите нас.

Благодариме на поддршката од граѓаните. Ова е само почеток на нашата борба. Заедно ќе ги уништиме коруптивните мрежи и ќе создадеме подобра држава за идните генерации. 

ВЛЕН

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан