• недела, 22 декември 2024

ВЛЕН: По зголемувањето на пензиите и платите на наставниците, продолжуваме со зголемување на минималната плата

ВЛЕН: По зголемувањето на пензиите и платите на наставниците, продолжуваме со зголемување на минималната плата

Скопје, 2 декември 2024

 

Социо-економската состојба на граѓаните е наш главен приоритет. Одкога станавме дел од власта, почнавме да преземаме конкретни чекори за подобрување на економската благосостојба на граѓаните, докажувајќи дека промената е повеќе од ветување, тоа е реалност заснована на дела.

Ветувањата се свети за нас кога граѓаните ви даваат одговорност да ги застапувате во извршната власт. Затоа, откако коалицијата ВЛЕН стана дел од извршната власт, нејзин приоритет е економската благосостојба на граѓаните, како и обврските дадени за истата. Како резултат на тоа, со задоволство ги известуваме граѓаните дека во буџетот за наредната година се предлага минималната плата да се зголеми за 2000 денари, односно 24.500 денари. Ова уште еднаш докажува дека за коалицијата ВЛЕН општото добро е на пиедесталот на владеењето.

Промената не е само ветување, туку реалност заснована на конкретни дела. Со ВЛЕН работниците во Северна Македонија ќе можат да имаат подостоинствени плати за да не гледаат на можноста за заминување како во времето на претходната влада. Напорот за подобрување на условите на работниците се забележува, но не е доволен. ВЛЕН уверува дека за време на целосниот владејачки мандат платите постепено ќе се зголемуваат, а со тоа ќе се зголемува и квалитетот на животот на работниците.

Албанците и сите граѓани заслужуваат подостоинствен живот, заслужуваат повеќе и подобро. Уверуваме дека ќе соработуваме со сите синдикати за да ги слушнеме нивните барања и да ги спроведеме.

ВЛЕН е гаранција за благосостојбата на граѓаните и за поинаков живот. Како што ги зголемивме пензиите и платите на наставниците, така ќе ги зголемиме и минималните плати, така како дел од Владата ќе продолжиме со определбата за спроведување на економските мерки за квалитетен живот и заштита на семејниот буџет на граѓаните.

ВЛЕН е посветен на олеснување на животот на граѓаните!

ВЛЕН

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан