• среда, 15 јануари 2025

ВЛЕН: Историска инвестиција од 34,5 милиони евра за Универзитетот „Мајк Тереза“

ВЛЕН: Историска инвестиција од 34,5 милиони евра за Универзитетот „Мајк Тереза“

4 септември 2024

Се отвора нова ера во образованието на нашата земја со историската инвестиција од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“.

Оваа одлука, силно поддржана од целата Влада, претставува значаен пресврт за нашата младина и за иднината на Албанците . Коалицијата ВЛЕН не зборува празни зборови како нашите претходници, кои освен со лажење и крадење каде што можеа, ја оставија нашата младина и без перспектива.

Овој проект не е само нова зграда – тој е монумент на нашата посветеност кон образованието и развојот на идните генерации. Цели генерации сонуваа за ваков едукативен центар кој ќе го збогати не само знаењето, туку и духот на целата нација. Сега, тој сон станува реалност, создавајќи огниште на знаење и иновации за идните генерации. Оваа инвестиција, иницирана од коалицијата ВЛЕН, е силен доказ за нашата посветеност да обезбедиме најдобри можности за образование и личен
развој на нашата младина. Убедени сме дека овој кампус ќе стане главен центар на интелектуален развој и иновации, создавајќи оптимални услови за научни истражувања и академска подготовка на највисоко ниво. Коалицијата ВЛЕН ќе продолжи со посветена работа за да донесе проекти кои го збогатуваат образованието и ги зајакнуваат темелите на успешна
иднина за сите граѓани на Република Северна Македонија. Оваа значајна инвестиција е само еден од чекорите кои ги преземаме кон реализација на оваа голема визија.
ПРЕМИНУВАМЕ НА ДЕЛА

ВЛЕН

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан