• петок, 22 ноември 2024

„Влен“: ДУИ преку Ислам Абази со Блерим Рамадани се обиде да предизвикува тензии

„Влен“: ДУИ преку Ислам Абази со Блерим Рамадани се обиде да предизвикува тензии

Скопје, 17 август 2024

Јавноста треба да ја знае вистината за случајот Блерим Рамадани. ДУИ се обиде преку свои инсталации во судството да предизвика влошување на односите со Косово кои требаше да резултираат со тензии во Северна Македонија.

За среќа, Блерим Рамадани навреме го прочитал ова нивно сценарио. Главниот оперативец за жртвувањето на Блерим Рамадани беше Ислам Абази од Зајаз, кој дејствувал по налог на Али Ахмети и Блерим Беџети. Постојат три судски акти кои потврдуваат дека ДУИ работел прво да нема одредување мерка куќен притвор, па потоа истиот да се укине и Блерим Рамадани прво да се врати во истражниот затвор, а после да се екстрадира во Србија.

Планот на ДУИ беше ова да го искористи за потпалувачка реторика за да создаде револт кај Албанците и да го обвини ВРЕДИ.

Јасно е дека за ова криминализирано раководство на ДУИ веќе нема ништо свето. Ниту каузата на УЧК, ниту ликот и делото на загинатите и живи борци, ниту Охридскиот договор. За да се обидат да се спасат од правосудна одговорност и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот подготвени се на се’! Дури и да го жртвуваат Блерим Рамадани за да предизвикаат тензии.

Коалиција Влен

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан