Власт во Газа: Од 7 октомври досега во Појасот Газа се уништени 47 џамии, а оштетени се три цркви
- „Израелските напади врз Појасот Газа предизвикаа уништување на 47 џамии и штети на три цркви и 203 училишта, како и на 80 владини згради“, изјави претставникот на властите во Газа Саламе Маруф, пренесува Анадолија.

Газа, 30 октомври 2023 (МИА) - Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври до сега се уништени 47 џамии, додека три цркви се оштетени, соопштија тамошните власти.
„Израелските напади врз Појасот Газа предизвикаа уништување на 47 џамии и штети на три цркви и 203 училишта, како и на 80 владини згради“, изјави претставникот на властите во Газа Саламе Маруф, пренесува Анадолија.
Според него, бројот на загинатите членови на медицинскиот персонал е 116, додека животот го загубиле 18 припадници на спасувачките екипи и тимовите за цивилна заштита, како и 35 новинари. ссм/
фото: ЕПА