• понеделник, 23 декември 2024

Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе

Властите на западни земји урнаа платформа за купување и продавање податоци на милиони луѓе
Вашингтон, 12 април 2022 (МИА) – Безбедносните агенции од неколку западни земји ја уништија онлајн платформата што се користи за купување и продавање на хакирани и украдени лични податоци на милиони луѓе, соопштија денеска официјални лица. Властите соопштија дека на сајтот Рејдфорумс (RaidForums) се продадени стотици чувствителни податоци, вклучувајќи броеви на кредитни картички и социјално осигурување и информации за банкарски сметки, кои биле хакирани или украдени од жртвите. Основачот и главен администратор на платформата, 21-годишниот Диего Сантос Коељо од Португалија, беше уапсен во јануари во Велика Британија. САД бараат негова екстрадиција. Веб-страницата Reidforums, основана во 2015 година, нудеше посебен пристап и функции на оние кои беа подготвени да платат членарина, а на платформата беа објавувани упатства за тоа како да извршат незаконски дејствија, велат официјалните лица. Во акцијата за уривање на платформата учествуваа агенции од САД, Велика Британија, ЕУ, Германија, Шведска и Португалија. јт/

Остани поврзан