• четврток, 10 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Властите во Газа тврдат дека 40 лица загинале во израелски напад во централниот дел на Појасот Газа

Властите во Газа тврдат дека 40 лица загинале во израелски напад во централниот дел на Појасот Газа

Газа, 22 февруари 2024 (МИА) – Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа соопшти дека во „грозоморен масакр“ што го извршиле израелските сили во централниот дел на енклавата, загинале 40 лица, а повеќе од сто се повредени.

Тие додаваат дека огромно мнозинство од жртвите се жени и деца, јави Ал Џезира.

- Покрај Израел, ја сметаме американската администрација и меѓународната заедница целосно одговорни за овие тековни злосторства и го повикуваме слободниот свет веднаш да ја прекине оваа војна за истребување од страна на израелската војска против цивилите, соопшти Канцеларијата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан