• четврток, 21 ноември 2024

Власта повикува на дебата за уставните измени, опозицијата подготвена да разговара само за предвремени избори

Власта повикува на дебата за уставните измени, опозицијата подготвена да разговара само за предвремени избори

Скопје, 19 февруари 2023 (МИА) - Власта преку вицепремиерот европски прашања Бојан Маричиќ ја повика опозицијата на разговори за уставните измени кои се услов за продолжување на патот кон ЕУ. Од ВМРО-ДПМНЕ експресно одбија и одговорија дека единствено за што може да се разговара се предвремени парламентарни избори.

- Мислам дека е време и со ВМРО-ДПМНЕ да разговараме, дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, да почне суштинска содржинска расправа околу уставните измени, зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам, на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Доколку влеземе во таква дискусија, верувам дека ќе дојдеме до разумни аргументи, дека е навистина трагично да ја блокираме сопствената држава на патот кон Европската Унија поради ова прашање, истакна вицепремиерот Маричиќ. 

Постојат идеи кои се презентирани од некои организации, аналитичари и тинк-тенкови особено од Париз и Виена. Има поединци кои ја промовираат идејата да се даде поскорешен датум за членство на

Тој во интервју за Македонско радио појасни дека со додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, според конвенциите.

-  Секако дека имаат право граѓаните слободно да се изјаснат како се чувствуваат и како што имаме ние и седум други заедници коишто се истакнати во нашиот Устав, треба да имаме можност за Бугарите, за ние да бидеме заштитени дека никој не може да каже дека ние сме Бугари. Ние сме Македонци и самата дистинкција дека има и Бугари коишто со последниот попис се 3000 и стотина. Со самиот тој чин ќе ја направиме таа дистинкција. Дополнително на тоа ние ќе додадеме и други заедници како што се Хрватите и Црногорците, најмалку. Значи има интерес и од други Евреите, Египќаните, Торбешите и така натака и спремни сме да разговараме, истакна вицепремиерот.

Наместо темелни археолошки истражувања, конзервација и заштита, „владината“ механизација од багери и машини, направи сериозни оштетувања на локалитетот Влахо, кој е внесен и во Националниот р

На повикот од Маричиќ за дијалог, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека тој нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните.

- Наместо да троши енергија за тоа, Маричиќ нека започне да се занимава со решавање на проблеми, како и со акутната неспособност на власта. На површина излегува дека власта нема мнозинство за уставни измени, наспроти кампањата која ја тераше цела година дека се на прагот, велат од ВМР0-ДПМНЕ.

Истакнуваат дека единствено за што може да се разговара со власта е потребата за предвремени парламентарни избори.

Северна Македонија, според рамката за преговори со ЕУ, мора да го промени Уставот и да ги впише Бугарите, ако сака да го продолжи процесот на евроинтеграција. За да се направи таквата уставна измена неопходно е да се обезбеди двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието. Според актуелниот собраниски состав, на парламентарното мнозинство му се потребни гласови и поддршка и од опозицијата, за што засега нема подготвеност.

Од друга страна, пак, власта одбива предвремени парламентарни избори, и децидна е дека тие ќе се одржан во редовниот термин во 2024 година.са/

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан