• недела, 22 декември 2024

Владимир Михајловиќ в.д.директор на струмичкиот затвор

Владимир Михајловиќ в.д.директор на струмичкиот затвор

Струмица, 23 февруари 2024 (МИА) - Од денеска нов в.д.директор на Затворот „Струмица“ е адвокатот Владимир Михајловиќ. Тој доаѓа на местото на Борче Цветков, кој си поднесе опставка заради ангажмани во предизборниот период.

Веста ја објави Цветков на својот фејсбук профил, а причина за повлекување од функцијата е ангажмнот во овој предзиборен период што го има како претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица и кандидат за пратеник во ИЕ број 4.

- Како одговорен, пред се, човек, а потоа политичар, не сакам само да ја држам директорската функција и да земам плата, а да не можам целосно да се посветам на работните обврски во оваа сериозна и специфична институција, напиша на својот фејсбук профил, Цветков. рт/аа/

Фото: ФБ профил Борче Цветков

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан