• недела, 22 декември 2024

Владиката Тимотеј: Разговорите со Вселенската патријаршија не се прекратени, но се во стагнација

Владиката Тимотеј: Разговорите со Вселенската патријаршија не се прекратени, но се во стагнација

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) – Преговори, договори и разговори не се прекратени со цариградскиот трон, со Вселенската Патријаршија, но има некои прашања коишто ние во овој момент не можеме да ги прифатиме од каноски аспект гледано, а тие пак инсистираат на нешто што е според нас и според канони неприфатливо во овој момент и затоа се можеби во една стагнација тие преговори, вели владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ-ОА.

Посети, посочува владиката Тимотеј, вакви, такви, се одржуваат и најверојатно во непосредна близина сега ќе имаме пак гости од страна на Цариградска патријаршија и од грчка Црква. Прашан што е тоа што е неприфатливо за МПЦ-ОА, Владиката Тимотеј, рече дека тоа е украинската православна црква, која што ја призна Вселенската и ја признаа уште три други грчки цркви.

Прашан околу поканата за црковен суд од Синодот на МПЦ-ОА за новинарот Маријан Николовски, владиката Тимотеј, во интервју за Топ Тема на телевизија Телма, го посочи член 24, точка 43 од Уставот на МПЦ-ОА за делокруг на Синодот.

-  Под точка 43 од тој член, вели решава по барање за заштита на законитоста, како и за ублажување на казни или помилување на правосилни пресуди на архиепископскиот црковен суд, тоа значи на апелациониот суд. Суди во прва и последна инстанца во споровите помеѓу архиепископот и архиереите за каноински вини од духовна и материјална природа и противуставна дејност на архиепископот и архиереите. Со тоа многу јасно се кажува дека Синодот не може да суди во  прва инстанца на било кого, било свештеник, уште помалку на мирјанин, нагласи владиката Тимотеј.

Прашан дали постои разногласие и поделба во редовите на МПЦ ОА, владиката Тимотеј вели дека Синодот го сочинуваат различни луѓе, со различни капацитети и со различни убедувања.

-  Па не би рекол дека постои разногласие, има разномислие во секоја институција бидeјќи Синодот го сочинуваат различни луѓе со различни капацитети со различни убедувања, мислам верски, да, но меѓутоа политички, културолошки и други димензии. Така да, природно дека постои. Затоа постои Синод, односно тело коешто ги сублимира сите мислења, па донесува она што е најполезно и корисно за Црквата, изјави владиката Тимотеј.

За јавните несогласувања меѓу митрополитот Преспанско-пелагониски Петар и епископот Антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, Партениј, владиката Тимотеј кажа дека одговор треба да се бара од нив, но тој смета дека тоа е непријатно и непотребно.

Во однос на предупредувањата од претседателот Стево Пендаровски за постоење на проруски елементи во црквата, владиката Тимотеј, нагласува дека Синодот е  тело, каде се десет луѓе и дека секој има име и презиме.

За протестот против Законот за родова еднаквост и дали со тоа МПЦ-ОА не излегува надвор од ингеренциите, владиката Тимотеј, посочува дека тие се спротивставуваат на законот што го нуди државата.

-  Па ние не сме граѓани на ова општество и оваа држава. Со кои закони и прописи се ускратува тоа право дека можеме да изјасниме за едно прашање коешто не тангира сите нас, во краен случај, имајќи предвид дека во Македонија, од македонскиот православен народ којшто е, 90 отсто се декларира дека се следбеници на МПЦ. И ние немаме право да зборуваме и ќе го оставиме само на политичари коишто денес, вака утре онака. Тие пак може да одлучуваат, меѓутоа МПЦ ќе ги брани основните принципи коишто се загарантирани, не од денеска, туку од памтивек. Бог создал маж и жена, не создал маж и маж да раѓа, или жена со жена, изјави владиката Тимотеј. аа/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан