• петок, 05 декември 2025

Владејачката Партија за народна акција освои 87 од 97 пратенички места на изборите во Сингапур, покажуваат прелиминарните резултати

Владејачката Партија за народна акција освои 87 од 97 пратенички места на изборите во Сингапур, покажуваат прелиминарните резултати

Сингапур, 3 мај 2025 (МИА) - Владејачката Партија за народна акција денеска победи на 14-тите избори во Сингапур, освојувајќи 87 од 97 пратенички места, според прелиминарните резултати објавени од Изборната комисија.

Светските агенции наведуваат дека со оваа изборна победа, партијата го продолжува своето 60-годишно владеење во азискиот финансиски центар.

На партијата и претстои официјално да биде прогласена за победник, но таа освои 30 од вкупно 33 изборни единици, соопшти Изборната комисија.

Партијата, исто така, освои 65,57 проценти од гласовите на избирачите, објави локалната телевизија Си-Ен-Еј.

Конечните резултати од изборите се очекува да бидат објавени утре. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан