Влада: Укинато зголемувањето на нотарските тарифи
- Се укинува зголемувањето на нотарските тарифи, соопшти денеска владината прес-служба.
Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Се укинува зголемувањето на нотарските тарифи, соопшти денеска владината прес-служба.
Владата на денешната редовна седница ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа.
- Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 6 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните, соопшти владината прес-служба. мд/ев/
Фото: МИА архива