• понеделник, 23 декември 2024

Влада: Со реформите придонесовме кон повисока професионализација на полицијата, како сервис на граѓаните

Влада: Со реформите придонесовме кон повисока професионализација на полицијата, како сервис на граѓаните

Скопје, 7 мај 2023 (МИА) - Денеска го одбележуваме Денот на македонската полиција - 7 Мај. Со реализација на процесот на реформи придонесовме кон повисока професионализација на полицијата, која денес е препознаена како сервис на граѓаните, бранејќи ги нивните права и штитејќи ги јавниот мир и безбедност.

- Како одговорна влада ги подобривме условите за сите припадници на полицијата, за коишто обезбедивме континуиран пораст на платите и подобри услови за работа, за што и понатаму ќе продолжиме да бидеме посветени. Упатуваме честитки за операционализацијата на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС) што ќе придонесе за понатамошно имплементирање на европските стандарди во граничното управување, на објавија на фејсбук од Владата на Република Северна Македонија. цр/

Фото: фејсбук Влада на Република Северна Македонија

Остани поврзан