• четврток, 04 декември 2025

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците

Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците

Скопје, 23 јуни 2025 (МИА) - Владата информира дека за една година исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци.

- Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците. Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно, а не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени. Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, сѐ со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство, се вели во соопштението. 

Според Владата, Македонија се трансформира, а земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на државата.

- Една година Влада значи одговорно и посветено работење во интерес на земјоделците. Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци. Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија. Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!, се наведува во владиното соопштение. мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан