• недела, 22 декември 2024

Влада: Кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и електрична енергија на територија на цела држава

Влада: Кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и електрична енергија на територија на цела држава
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Владата денеска ја одржа 74-тата седница, на која донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија.
-Првата Одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Додека втората се донесе заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, соопшти владината прес-служба.
Двете одлуки се донесени на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и ќе отпочне да се применуваат од 1 септември 2022 година.
Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија и на топлинската енергија ќе трае 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.
-Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојба на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба, стои во соопштението од Владата. мд/аа/

Остани поврзан