• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со три милиони денари

Владата ќе ја награди екипата на „Медена земја“ со три милиони денари
Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) - Екипата на „Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи Владата на денешната седница. За оваа одлука информираше министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејбук профил. - Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар - за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо ❤️. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме - затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот ''Медена'' на нашата земја. Бидејќи нѐ направивте тооолку горди! , напиша Ангеловска на Фејбук. Документарниот филм „Медена Земја“ не доби оскар, но беше номиниран во две категории - за најдобар документарен филм и за филм од неанглиско потекло. бак/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан