• четврток, 16 мај 2024

Владата ја усвои информацијата за статусот на реализација на економските мерки за справување со ковид кризата

Владата ја усвои информацијата за статусот на реализација на економските мерки за справување со ковид кризата
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Владата вечерва на седница ја усвои информацијата за статусот на реализација на економските мерки за справување со Ковид -19. Информацијата ќе биде доставена до Европската комисија во прилог на одобрувањето на втората транша од 80 милиони евра за буџетска поддршка на мерките за справување со економските последици од ковид кризата. - Согласно анализата врз основа на која е направена оваа информација одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата беше брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население и имаше значително влијание кон ублажување на негативните последици на пандемијата врз доходот и потрошувачката на домаќинствата и активноста на деловните субјекти, се вели во соопштението од владината прес-служба. Просечната месечна нето-плата во 2020 година, согласно предвидувањата, забележала раст од 7,8 проценти како резултат на мерките преземени пред пандемијата како што се зголемувањето на нивото на минимална плата, владината мерка за финансиска поддршка на работодавците кои ќе извршат зголемување на платата до одреден износ, зголемените плати на вработените во јавниот сектор, како и дополнителното зголемување на платите во образованието и здравството во 2020 година. Мерката за финансиска помош на работодавците погодени од здравствената криза за исплата на плата влијаеше врз ублажување на надолниот тренд на раст на платите во текот на пандемијата, велат од Владата. бак/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан