• понеделник, 25 ноември 2024

Владата ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензиите од 26 мај

Владата ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензиите од 26 мај
Скопје, 18 мај 2021 (МИА)- На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 мај 2021 година, со цел да се обезбеди пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26 мај 2021 година. Како што соопшти владината прес-слуќба, Владата им препорача на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 мај 2021 година, за пензии со висина 11.001-14.000 денари исплатата да се изврши на 27мај 2021 година, за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 мај 2021 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31 мај 2021 година.свс/скс/

Остани поврзан