Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители
- Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинителот што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата.

Скопје, 11 август 2024 (МИА) - Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата.
-Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во соодејство на важечките закони и Устав. Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што преставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и ќе потсетиме дека имаат под 2 проценти доверба, брифираат од Владата.
Како што наведуваат оттаму, нивното нераспуштање ќе значи продолжување на агонијата едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како во минатото да бидат заменети со други. Тоа, потенцираат од Владата, не е нашата цел, ниту заложба.
-Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина исплашени и загрижени, но доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, брифираат од Владата. ев/
- ФОТО: МИА Архива