• петок, 22 ноември 2024

Владата на Мјанмар ослободува затвореници, но не и политички

Владата на Мјанмар ослободува затвореници, но не и политички
Нејпјидо, 17 април 2022 (МИА) – Воената Влада на Мјанмар денеска почна да ослободува повеќе од 1.600 затвореници во знак на добра волја по повод прославата на традиционалната Нова година, но тоа не важи за ниту еден политички затвореник. Генералот Мин Аунг Хлаинг помилува 1.619 затвореници, меѓу кои 42 странци. Во оваа земја за големите празници е вообичаено масовното ослободување на затвореници, но генералот е критикуван поради тоа што не ослободил ниту еден политички затвореник. Здружението за помош на политички затвореници во петокот соопшти дека во затворите има 10.238 политички затвореници. Мјанмар е под воена управа од февруари минатата година, кога војската ја собори избраната влада на Аунг Сан Су Чи, а преземањето наиде на огромен отпор, кој оттогаш се претвори во граѓанска војна, како што го опишаа некои експерти на ОН. јт/

Остани поврзан