• недела, 22 декември 2024

Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите 

Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите 

Скопје, 20 септември 2024 (МИА) – Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,... 

За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка.  

-       Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеци, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните, изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.

Мицкоски, исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката.

Предлогот, како што беше претходно инофмирано, е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат.  аа/са/

Фото: МИА

Остани поврзан