Владата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни економски резултати, раст на платите, повисоки пензии за 7000 денари и континуиран раст на индустриското производство
- Апсурдно е Филипче да зборува за економија, тој беше дел од владата што ја донесе највисоката инфлација во историјата на државата, најскапата струја и гориво, сиромаштија и задолжување за генерации нанапред, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 1 септември 2025 (МИА) - Апсурдно е Филипче да зборува за економија, тој беше дел од владата што ја донесе највисоката инфлација во историјата на државата, најскапата струја и гориво, сиромаштија и задолжување за генерации нанапред, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално.
За само една година и неколку месеци власт граѓаните ги чувствуваат придобивките од добро осмислените владини политики.
Имаме континуираниот раст на индустриското производство. Индустриското производство во јули оваа година порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година. Преработувачката индустрија е носечки фактор за порастот на индустриското производство со раст од 7% споредено со истиот месец минатата година.
Заклучно со следната пролет за околу 300 000 пензионери вкупното покачување на пензиите ќе достигне седум илјади денари.
Податоците покажуваат дека реалната плата двојно порасна. Бројките покажуваат дека во период од јули 2024 до јули 2025 година, растот на реалната плата е скоро 7 проценти, а за време на СДС од јули 2017 до јули 2024 година растот бил само 3,5 проценти.
По 7 години пустош на СДС и ДУИ, осиромашување на народот и огромна корупција, Македонија денес е држава на стабилни финансии, и држава која ја враќа довербата во институциите.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото МИА архива