• недела, 22 декември 2024

Владата на Австрија подготвува укинување на карантин

Владата на Австрија подготвува укинување на карантин
Виена, 22 јули 2022 (МИА) - Владата на Австрија подготвува ново попуштање на епидемиолошките мерки и планира од 1 август да го укине карантинот за заразените со коронавирус. Иако на тоа се спротивставија лекари, но и властите на градот Виена, се подготвува уредба со што карантинот ќе биде укинат и ќе биде заменет со обврска инфицираните со Ковид-19 постојано да носат маска, без разлика дали се на работа или во дискотека. И покрај новиот рекорден раст на заразени лица, канцеларот Карл Нехамер и министерот за здравје Јоханес Рауч подготвуваат нова уредба за Ковид-19 што содржи укинување на карантинот. Според уредбата, заразените само на отворено не мора да носат маска и тоа таму каде што може да се држи физичка дистанца од два метра. бд/зш/

Остани поврзан