• недела, 22 декември 2024

Владата го усвои усогласениот договор за изградба на гасниот интерконектор со Грција

Владата го усвои усогласениот договор за изградба на гасниот интерконектор со Грција
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Владата на денешната 57-ма седница го разгледа и прифати текстот на усогласениот договор за изградба на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција - Северна Македонија и го овласти министерот за економија Крешник Бектеши да го потпише овој договор со Владата на Република Грција. Како што посочуваат од владината прес-служба, со овој договор за заедничка изградба на интерконекторот со Грција ќе се овозможи гасно поврзување на Централна и на Југоисточна Европа со цел унапредување на диверзитетот и конкурентноста на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот. -Овие цели ќе се обезбедат и по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, како и преку обезбедување на потребните количества на природен гас за сите потрошувачи во регионот на Централна и на Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Република Северна Македонија,велат од Владата.вј/лв/

Остани поврзан