Владата го прифати текстот на Програмата на економски реформи 2023 – 2025
- Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за Програмата на економски реформи 2023 – 2025 година и го разгледа и прифати текстот на Програмата.
Скопје, 1 февруари 2023 (МИА) - Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за Програмата на економски реформи 2023 – 2025 година и го разгледа и прифати текстот на Програмата.
Како што соопшти владината прес-служба, и овој документ, според соопштеното од страна на Министерството за финансии, е изработен согласно насоките дадени од страна на ЕК, каде освен среднорочна макроекономска и фискална рамка, се вклучени и 19 клучни секторски структурни реформи за зголемување на конкурентноста и растот на економијата.
Во Програмата, како клучни предизвици за конкурентноста и растот се идентификувани: зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој, поттикнување на зелената транзиција, подобрување на конкурентноста на домашните претпријатија, нивната интеграција во глобалните синџири на вредност и формализација на економијата. мч/сст/