• вторник, 19 ноември 2024

Владата го одобри Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес на патен Коридор 10д

Владата го одобри Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес на патен Коридор 10д

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Владата денеска ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект.

Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот Прилеп - Битола во должина од 29 км, а вкупната должина на Делницата на автопат Прилеп - Битола е околу 40 км. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти, соопшти владината прес-служба.са/ев/

Фото: МИА архива

Остани поврзан