• четврток, 26 март 2026

Вицепремиерот Стоилковиќ со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Вицепремиерот Стоилковиќ со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - Заменик-претседателот и министер Иван Стоилковиќ во име на Министерството за односи меѓу заедниците и лично, упати честитки по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, ден кога ја оддаваме заслужената почит кон вашата богата култура, традиција и историски придонес.

- Овој значаен датум претставува симбол на почитување на јазичната и културната разновидност, потсетник за важноста на зачувувањето на културното наследство, како и афирмација на вредностите на меѓусебна почит, разбирање и соживот. Истовремено, тоа е признание за сето она што влашката заедница го вложува во развојот на нашето повеќекултурно и демократско општество, се вели во честитката од вицепремиерот Стоилковиќ.

Влашката култура, јазик и идентитет, се подвлекува, се составен и нераскинлив дел од богатото културно ткиво на нашата држава и мозаикот на македонското културно наследство.

- Нека 23 Мај биде поттик за понатамошно негување и афирмирање на влашкиот идентитет и вредности – во духот на соживот, инклузивност и заемно почитување. Негувањето и зачувувањето на културниот идентитет е заеднички интерес и обврска на сите нас кои се залагаме за општество во кое се вреднуваат различностите и се унапредуваат правата на сите заедници, се наведува во честитката по повод  23 Мај – Националниот ден на Власите. цр/ац/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан