• недела, 20 септември 2026

Вицепремиерот Николоски на поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица

Вицепремиерот Николоски на поставување камен-темелник на „Лидл“ во Струмица

Скопје, 1 јули 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица.

Николоски, во рамките на посетата, ќе се обрати на свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Струмица, каде што ќе присуствуваат и оперативниот директор на на „Лидл Северна Македонија“, Рубријан Хаџиев, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

Вицепремиерот ќе изврши увид во изградбата на комунален систем во с. Просениково, каде што е предвидено да даде изјава за медиумите.

Од компанијата информираат дека инвестицијата претставува значаен придонес кон локалниот економски развој, отворање нови работни места и унапредување на понудата за потрошувачите, како и можност за продлабочување на соработката со домашните производители. фф/лв/

Фото: МИА Архива

 

 

 





Можно е и ова да ти се допаѓа