Виткоф и Кушнер пристигнаа во Израел во услови на притисок за зачувување на примирјето во Газа
- Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и високиот советник на Белата куќа, Џаред Кушнер, пристигнаа во Израел, јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на медиуми на хебрејски јазик.
Тел Авив, 20 октомври 2025 (МИА) – Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и високиот советник на Белата куќа, Џаред Кушнер, пристигнаа во Израел, јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на медиуми на хебрејски јазик.
Нивната посета е дел од заедничкиот притисок на САД да се спречи понатамошно нарушување на прекинот на огнот во Газа, еден ден откако двајца војници на израелските одбранбени сили беа убиени во напад на Хамас, а Израел одговори со воздушни напади низ целиот Појас. јт/
Фото: ЕПА архива