Виткоф и Кушнер во Берлин: САД предводат делегација за разговори за прекин на огнот во Украина
- Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп, пристигнаа во Берлин за да ја предводат американската делегација на разговорите за прекин на огнот во Украина. Фотограф на ДПА ги забележа како влегуваат во хотел во централен Берлин денеска изутрина.
Берлин, 14 декември 2025 (МИА) – Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп, пристигнаа во Берлин за да ја предводат американската делегација на разговорите за прекин на огнот во Украина. Фотограф на ДПА ги забележа како влегуваат во хотел во централен Берлин денеска изутрина.
Се очекува разговорите да се одржат меѓу американската делегација, украинските претставници и претставници на главните европски сили. Детали за времето на одржување не беа достапни.
Првичните разговори ќе се одвиваат на ниво на советници и зад затворени врати.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потврди своето присуство во Берлин, а портпаролот на германската влада, Стефан Корнелиус, во петокот најави дека Зеленски ќе се сретне со канцеларот Фридрих Мерц в понеделник.
Виткоф на почетокот на месецот се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. За време на тие разговори, Путин покажа подготвеност за натамошни разговори, но нагласи дека Русија ја има стратешката иницијатива и дека ќе ги продолжи своите воени цели со сила во отсуство на договор. ссм/
фото: ДПА