• понеделник, 23 декември 2024

Врачена наградата за „Роман на годината“ на Влада Урошевиќ

Врачена наградата за „Роман на годината“ на Влада Урошевиќ

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) – „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Владо Урошевиќ е „Роман на годината“ за 2022 година.

Свеченото врачување на наградата „Славко Јаневски“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности денеска се одржа по 24 пат.

Жирито беше во состав на Симона Јовановска, Сашо Кокаланов, Гоце Ристовски и Катерина Богоева, а по три изборни круга во финанлето влегле романите „Папокот на светлината“, „Писмо за Глорија“ и „Столб што пее“. 

На свечениот настан во Музејот на современата култура писателката Симона Јовановска во име на жирито ги пренесе впечатоците за романот.

- За да може еден роман да се носи со провокативноста на толку долг наслов навистина мора да е врвно напишан овој наслов што само го најавува патешествието на семејството Пустополски претставува вистинско чистателско уживање. Владо Урошевиќ оживувајќи го македонски јазик во романот ја раскажува историјата на скопското семејство Пустополским, такашто вешто не вовлекува во приказната на толку ненаметлив начин оставајќи го притоа читателот во пријатни чувства и задоволсто по секоја прочитана страница, нестандарден во секоја смисла романот ни се обраќа преку своите протагонисти со променлива среќа и ни говори за животот на некое друго сега веќе далечно време кое што преминувало пред лицето на Вардар, каков што не го знаеме, истакна Јованоска.

Извршниот директор на фонацијата, Ѕвездан Георгиевски изрази надеж дека во иднина преку ваквите настани македонскиот роман ќе биде доближен не само до македонските читатели, туку и пошироко.

Следната година ќе правиме четврт век, се надевам дека ќе биде поамбициозно и попомпезно би рекол, поамбициозно во смисла да го доближиме романот не само на македонските чиутатели туку и малку повисоко, изјави тој.

Писателот на наградениот роман, Владо Урошевиќ изрази благодарност и истакна дека во писателот Славко Јаневски отсекогаш пронаоѓал голема инспирација и дека на него гледа со вооддушевеност. Изрази задоволство што за наградата се пријавиле голем број на романи.

- Можеме да констатираме дека имаме една литература во која објавувањето на нов роман станува секојдневна нормална појава и годинава за оваа награда се пријавија голем број на романи. Такво нешто никој од нас во тоа време не можеше да си го претпостави, н тоа што никој не можеше да го замисли се оствари, мене ми е мило што бев сведок на ова добро патување. Изминавне еден долг пат и притоа докажавме дека имаме предиспозиции да се развиваме и понатаму и дека македонскиот јазик е јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имане што да му покажеме на светот, посочи Урошевиќ.

Вкупно 35 романи биле во конкуренција за наградата која се состои од плакета, оригинална статуетка ,авторство на скулпторот Сашо Саздовски и паричен износ од 150.000 денари. свс/сп/

Фото: МИА

Остани поврзан